1. Колку зрачење ке примам ако се снимам на КТ?
- Зрачењето на нашиот томограф е за околу 50 % помало од она кај класичните.Тоа го овозможува брзината од 0.5 секунди и спиралниот режим на работа како и УФЦ (Ултра фаст церамицс ) детекторите.
2. Колку долго ке лежам на апаратот?
- Времетраењето на прегледите се движи од 15-90 секунди.
3. Дали пречат метални имплатанти во телото?
-Секако не.Само кај МР е контраидицирано прегледување кај вакви пациенти.
4. Дали е подобро да се направи КТ или МР?
- Во поедини случаи КТ е единствен избор за дијагностичка метода.Тој многу подобро ги гледа коскеното ткиво,калцификатите во организмот и може да направи скенирање на целиот абдомен на најситни пресеци што не е случај кај МР.
5. Дали прегледот е болен?
-Не.Тоа е најобично снимање,каде понекогаш е потребно да се даде венско контрастно средство кое се дава со тенка игла боцкајки во вената на раката.
1. Дали може да се снимам со протези и пломби на забите?
- Може.Тие се направени од материјал кој МР не го привлекува.Само одредени метлни имплатанти во телото сметаат за снимање,но за тоа ке бидете прашани непосредно пред прегледот.
2. Дали смеам да се снимам со пејсмејкер?
-НИКАКО ! Пејсмејкерот е уред кој ги контролира електричните импулси на срцето.МР ке ја попречи неговата работа.
3. Дали има доволно воздух внатре ?
- Апаратот е комплетно климатизиран и има дотур на свеж воздух кој е со висок квалитет.
4. Што ако ме фати паника за време на снимањето?
- Вие сте аудио и визуелно пратени од професионален кадар кој ја работи оваа проблематика повеке од 10 години.Но и покрај тоа во раката ке држите копче со кое во секое време ке можете да повикате некој да влезе внатре.
5. Дали може со мене во просторијата да има и придружник?
- Секако.МР не е штетна и нема околно зрачење така да дозволена е придружба за време на снимањето.