Ангиографијата претставува збир од дијагностички процедури за дијагностика-преглед на крвните садови.Сликата што притоа се добива се нарекува ангиограм.Ангиографијата спаѓа во инвазивните дијагностички методи која може да биде и дијагностичко-интервентна бидејки е метода со која може да се врши и дилатација (проширување на стеснет крвен сад) како и стентирање на крвните садови.Затоа таа спаѓа во една од најинвазивните методи во радиологијата и стручно се нарекува ПТА или Перкутана транслуминална ангиографија, попозната како ангиографија.
За дијагностика на крвните садови потребен е тим од посебно обучени специјалисти-радиолог и радиолошки технолози,мед.сестра а во некои случаи и анестезиолог.
Потребен е апарат за ангиографија со дигитална суптракција-одвојување на крвните садови од другите структури-коски и меки делови.
Стандардна процедура за изведување на артериографија,без разлика за кои крвни садови се работи,е методата по Селдингер која што за првпат е извршена во 1950 година од страна на авторот.Самата метода се состои од пунктирање-боцкање во феморалната артерија и пласирање на катетер кој понатаму се движи низ крвните садови до саканата регија.Катетерот се следи со помош на истовремено снимање и овозможува јасна слика на патот на катетерот.Кога катетерот воден од страна на радиологот ке стигне до саканата регија,тогаш низ катетерот се инјектира контрастно средство кое помага при обојување на крвните садови и овозможува јасна визуализација на истите.
Самата постапка е безболна,се дава локална анестезија и трае од 30-90 минути во зависност од регијата што се снима.
Со оваа метода може да се врши иследување на крвните садови на мозокот,вратот,аортата,екстремитетите.
Кои типови на ангиографија постојат?
Пред се тука се периферните ангиографии како најзастапени ангиографски прегледи.Тоа е всушност ангиографија на екстремитетите-рацете и нозете . Друг вид на ангиографско иследување е ангиографијата на внатрешните орган и големите крвни садови како што е аортата,крвните садови на бубрезите,црниот дроб и.т.н.
Потоа следуваат церебралната (мозочна) ангиографија како и ангиографија на вратните крвни садови-каротидите.
Кои типови на болести се дијагностицираат со ангиографијата?
Со периферната ангиографија се откриваат најчесто стеснувања и зачепувања на артериите кои во текот на прегледот може и да се дилатираат и стентираат и со тоа да се изврши во ист акт и интервентна процедура.
Кај церебралната ангиографија најчесто се откриваат аневризмите-проширување на крвните садови кои за жал во најголем процент се откриваат откако ке прокрварат.Но и тогаш се прави ангиографија за да се утврди точно за кој крвен сад станува збор за да подоцна му овозможи на пациентот правилен третман.Ангиографијата во современата медицина делумно може да се замени и со КТ ангиографија-ангиографија со Компјутерска томографија како и МР ангиографија-ангиографија со магнетна резонанса кои како методи се сосема неинвазивни и не бараат хоспитални услови после процедурата.Но мора да се напомене дека тоа се само дијагностички а не и интервентни процедури и тука не е возможна интервенција.